X
 29.10.2020 Наука

Метеорит што паднал на Земјата во 2018 г. содржел вонземни органски соединенија

Невообичаен метеорит кој експлодирал над небото во Мичиген, САД, пред да падне во замрзнато езеро во 2018 година сега повторно е во центарот на вниманието. Имено, научниците велат дека метеоритот бил преполн со органски соединенија, односно молекули што содржат јаглерод и може да служат како основа за создавање живот.

Овие состојки на метеоритот имаат вонземно потекло, според истражување објавено во „Метеоритс енд планетари сајенс“. Научниците што го анализирале метероитот тврдат дека успеале да стигнат до метеоритот доволно брзо за да спречат да се контаминира со земјени состојки.

Најчесто метеоритите се полни со живот, но само затоа што седеле доволно долго на Земјината површина за на нив да се населат микроорганизми, објаснува Филип Хек, автор на истражувањето. Овој метеорит е различен бидејќи паднал во замрзнато езеро и брзо бил извлечен, а подоцна било откриено дека содржел многу вонземни органски соединенија, објаснува Хек.

Според научниците, соединенија слични на оние најдени во метеоритот го започнале животот на Земјата, а според некои теории, тие исто така биле донесени од метеорит.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука