X
 30.10.2021 Живот

Во Ротердам е отворен најголемиот пловечки комплекс од канцеларии во светот

Неодамна беше отворен најголемиот пловечки комплекс од канцеларии во светот. Тој се наоѓа во Ротердам, Холандија. Канцелариската зграда е футуристичка бидејќи е создадена за иднината во која се очекува зголемување на морското ниво и почести поплави како последица од климатските промени.

Станува збор за зграда од три ката со основа која ѝ овозможува на зградата да се движи како што се зголемува или намалува нивото на водата. Канцелариите се снабдуваат со електрична енергија преку соларни панели. Зградата е изградена со материјали што лесно се рециклираат.



Во неа се наоѓа и канцеларија на невладината организација Глобален центар за адаптација, која е во сопственост на Бан Ки-мун, поранешен генерален секретар на Обединетите нации. Проектот е поддржан и од Кристалина Георгиева, извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд.



Растечкото ниво на водата и почестите поплави ќе влијаат врз милиони луѓе во блиска иднина доколку не се намали глобалното затоплување, според експертите. Се проценува дека до 2050 г. над 570 града ќе се соочуваат со вакви проблеми.

Извор: World Economic Forum
Фото: Instagram (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот