X
 30.11.2021 Живот

УКЛО му довери втор мандат за претседател на Сенатот на проф. д-р Пеце Николовски

За претседател на Универзитетскиот сенат во согласност со Законот за високото образование и Статутот на УКЛО, со тајно гласање сенаторите му доверија втор мандат на проф. д-р Пеце Николовски од Економскиот факултет – Прилеп, функција што успешно ја извршуваше во претходен период од една година.

На 196. седница на Универзитетскиот сенат, во постапка спроведена според утврдена процедура, извршен е избор на претседател на Универзитетскиот сенат во согласност со Законот за високото образование и Статутот на УКЛО. Постапката ја спроведе Изборна комисија на која присуствуваа најмалку 2/3 од вкупниот број членови на Сенатот, а тој е едногласно реизбран на функцијата претседател на Сенатот на УКЛО.



Претседателот на Сенатот е одговорен за законитоста и статутарноста во работењето на Сенатот. Вршењето на должноста претседател на Сенатот е неспоива со вршење друга државна функција или функција во политичка партија.

Инаку, проф. д-р Пеце Николовски е редовен професор на Економскиот факултет – Прилеп, автор е на учебници, книги и учебни помагала за студентите од сите три циклуси на студирање. Негово поле на научна преокупација е ревизија на финансиски извештаи, финансиска анализа, финансиска контрола и сметководство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот