X
 31.10.2023 Живот

Парното поскапува за 4,5 проценти

Парното ќе поскапи за 4,51 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски.
Како што информира тој, на сметка од 1.000 денари тоа значи зголемување за 45 денари, или на просечна сметка од 1.800 денари во Скопје, зголемувањето е 80 денари.

Според претседателот на РКЕ, нова корекција без разлика на таксата за руски гас, до крајот на грејната сезона нема да има.

-РКЕ донесе одлуки со кои крајната цена за испорачаната топлинска енергија на потрошувачите снабдувани од ЕСМ од бараното зголемување на цената од над 50 отсто, одобри 4,51 процент. Со овие одлуки цената за граѓаните останува стабилна, а трите компании на ЕСМ за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија се практично принудени што побрзо да го стават во функција топловодот Беласица за системот да работи економично и во целост да ја користи топлинската енергија од ТЕТО. Со работата на ТЕТО и функционирањето на топловодот Беласица, просечна сметка за топлинска енергија изнесува 1.800 денари, без работа на ТЕТО – 2.800 денари, што е разлика во цена од 60 отсто - истакна Бислимоски.

Според РКЕ, вкупно 64.000 домаќинства се снабдуваат со топлинска енергија.

Извор: МИА


Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот