X
 31.12.2020 Технологија

Кинезите го изградија најголемиот лачен мост во светот за 36 месеци

Оваа недела во Кина бил завршен мостот на реката Си Џианг, кој сега и официјално стана најголемиот лачен мост во светот, а оваа титула ја презел од друг кинески мост што бил изграден пред 11 години.

Распонот на мостот изнесува дури 575 метри (23 метри повеќе од досегашниот рекордер), а неговата вкупна должина изнесува 1.035 метри. За изградбата на мостот биле искористени 15.000 тони челик, а била одбрана ваква конструкција бидејќи е поевтина и потрајна.

Целиот проект бил завршен за две и пол години.


Извор: jutarnji.hr
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија