Системи за автоматско управување

Студиската програма по Системи за автоматско управување им обезбедува на студентите развој на технички вештини како и проучување на фундаментални и применети знаења од областа на електротехниката посебно за  разбирање на новите технологии и допринесување во идниот развој на професијата дипломиран електроинженер. Студиската програма обезбедува развој на вештини за критичко и проблемско размислување како и развој на говорни и писмени комуникациони вештини важни на проектното и тимско работење во професијата.

 Студиите на Електротехничкиот факултет на студиската програма по Системи за автоматско управување траат три, т.е. четири години. Во студиската програма изложена погоре има вкупно 42 предмети од кои 30 задолжителни и 12 изборни предмети од понудени 21 предмети. Дури 28,6 % од вкупниот број предметите се изборни. Изборните предмети се така распоредени да многу од нив се повторуваат во зимските, а други во летните семестри од студиите. Тоа е направено со цел студент што пропуштил интересен изборен предмет да може да го избере понатаму во текот на студиите. Многу од изборните предмети се од групите на информатички предмети и економски предмети со што студентите ги прошируваат своите информатички знаења како и основните знаења од економија и менаџмент.

За време на студиите секој студент задолжително поминува 30 работни дена на пракса во реномирани индустриски и други стопански субјекти. Праксата ја договара, надгледува и оценува факултетот и се внимава студентот таа да ја оствари во или блиско до местото на живеење.