Текстилно инженерство

Почетокот и завршувањето на студиската година се во согласност со одредбите од Законот за високото образование.
Студиската година започнува на 15 септември, а завршува на 14 септември следната година, во траење од 30 работни недели.
Студентот запишува семестри, односно предмети во секој семестар според Европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС). На секој предмет од студиската програма му е доделен код, со кој се дефинирани предметната содржина и методот на изучување на предметот. На секој предмет му се доделени од 4 до 6 кредити. Кредитите се доделуваат само на оној студент кој ги исполнува условите за полагање, успешно ќе ја заврши предметната програма и ќе го положи испитот. Положените испити се оценуваат со оценки од 6 до 10.
Студентите имаат право на избор за студиска година во траење од три и четири години. За избор на студентот за студиска програма - текстилно инженерство во траење од три години со оптовареност од 180 кредити, студентот добива стручен назив – инженер технолог по текстилно инженерство.

За избор на студентот за студиска програма - текстилно инженерство во траење од четири години со оптовареност од 240 кредити според ЕКТС, студентот добива стручен назив – дипломиран инженер технолог по текстилно инженерство.

Потенцијални можности за вработување

Стручниот профил - инженер технолог по текстилно инженерство е проектиран со наставен план и програми, со цел да се стекне знаење за примена во сите видови текстилни претпријатија, како и спремност да се одговори на сите предизвици од брзиот технолошки напредок во областа на текстилот, облеката и дизајнот.
Факултетот во иднина ќе настојува да помогне во вработувањето на своите завршени студенти и во развој на нивната понатамошна кариера.