Финансиски менаџмент

На студиската насока Финансиски менаџмент студентите ќе се стекнуваат со специјалистички профили и заокружени знаења во областа на финансиите и банкарството, што ќе им овозможат да се ангажираат: како финансиски експерти во државните и јавните институции (државна администрација, фондови, Влада, министерства, во Управата на јавни приходи и сл.), понатаму како менаџери во банките и другите финансиски институции,како финансиски менаџери во јавни, приватни и акционерски трговски друштва, како финансиски експерти на финансискиот пазар, како научен подмладок на факултетите, институтите и други научно-образовни институции и сл. На оваа насока студентите ќе се стекнат со неопходните знаења што ќе ги оспособат да ја познаваат институционалната структура на финансиските пазари, карактеристиките на одделните видови финансиски инструменти (акции, обврзници, штедни влогови, заеми, финансиски деривати итн.) и делувањето на различни финансиски институции (банки, осигурителни друштва, пензиски фондови, инвестициони фондови итн.), да ги разберат основните принципи на финансиите, суштината на современата портфолио теорија и принципите на вреднување на основните класи на финансиски инструменти: акциите и обврзниците.