Општа насока-Штип

Предметните програми на Општата насока (тригодишни студии) осигуруваат стекнување на мултидисциплинарни знаења од голем број земјоделски дисциплини. Модулот нуди подрачја кои ја ги опфаќаат областите на конвенционалното полјоделство, градинарство и цвеќарство, овоштарство и лозарство,сточарство.

Стекнувањето на базични знаења од областа на растителното и сточарското производство во модулот - Општа насока им дава голема визија и неограничени можност на нашите идни инженер агрономи да се докажат и во конвенционалното и во интегралното земјоделско производство. Модулот ги опфаќа сите гранки и сегменти од земјоделието, а знаењата и компетенциите пренесени од нашите искусни предавачи само ќе има даде конкретна визија на студентите за да го негуваат и продолжат нашето македонско традиционално производство.