Skip Navigation LinksСтудии Останати високообразовни установи Бизнис Академија Смилевски-БАС

Бизнис Академија Смилевски-БАС

 

Бизнис академијата Смилевски е единствената високообразовна установа во Македонија која нуди акредитирани професионални студии по менаџмент. БАС подготвува професионални надзорници / супервизори, раководители, оперативни и стратегиски менаџери-созадава професионалци подготвени за менаџерска работа од првиот работен ден!

За прв пат во Македонија идните менаџери можат да се стекнат со професионална диплома за менаџмент на додипломските студии по Оперативен Менаџмент и на постипломските студии по Стратегиски Менаџмент.

 

Студиите на БАС се практични и интерактивни. Наставата е во мали групи од 18 студенти и се изведува според принципите на американските бизнис-школи. Работејќи на студии на случаи, се обработуваат реални менаџерски проблеми од македонското секојдневие, а во текот на целите студии еден ден во нецелата се изведува теренска пракса во фирмите каде дипломираните подоцна ќе бараат вработување.

БАС е современа академија за бизнис која будно ги следи потребите на своите студенти и нуди можност за редовно, вонредно и далечинско студирање, трансфер на кредит од други универзитети и синергирани студии за оние студенти кои веќе водат свои бизниси.
БАС доделува стипендии за талентирани, дава можност за студентски кредити и е дом на креативниот бизнис-инкубатор каде се раѓаат и развиваат бизнисите започнати од студентите на Академијата.