Skip Navigation LinksСтудии Останати високообразовни установи

Останати високообразовни установи

Untitled Document

Висока школа за новинарство и односи со јавноста

Доколку имате силна желба за откривање и изучување на најпривлечните професии на новото време - новинарството и односи со јавноста, Високата школа за новинарство и за односи со јавноста на Македонскиот институт за медиуми (МИМ) е вистинското место за едукација.

Висока професионална установа за бизнис студии Евро колеџ Куманово

Еуро Колеџ е високообразовна, универзитетска, колеџ заедница посветена на квалитет во наставата и услугата. Преку своите додипломски и последипломски програми по Бизнис Администрација Еуро Колеџ се стреми да стимулира интелектуална љубопитност, имагинација, рационално размислување и мисловна експресивност во голем број на дисциплини и професионални полиња.

Academia Italiana Skopje

For nearly 50 years Italian designers have given rise to a style and to trends that have influenced fashion, interior design, product design, and visual communications all over the world.

Меѓународен Славјански Институт Св. Николе

Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин” Свети Николе започна со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на МСИ-Москва од Руската Федерација, на територијата на Република Македонија со начинот на дописно-вонредно студирање.

Факултет за Бизнис и Економија

Водени од светските искуства кои значат квалитетно и ефикасно образование, пред сé од моделот на Интегрираниот Бизнис Курикулум (Integrated Business Curriculum)-курс кој се предава на Државниот Универзитет на Ајдахо-САД (види: www.uidaho.edu) и курсот за Бизнис економија (Business Economics) кој се предава на Универзитетот во Портсмут-Велика Британија (види: www.port.ac.uk), нашата наставна програма за додипломските студии е составена од три студиски години, односно шест семестри.

Институт за Општествени Науки "Евро Балкан" - Скопје

Институтот за општествени и хуманистички истражувања „Евро-Балкан“ е акредитирана и самостојна институција од областа на високото образование, посветена на зајакнување на академската исклучителност во научните истражувања и во последипломското образование.