X
 14.02.2020 Препорачани огласи

Оглас за вработување во Цементарница УСЈЕ. Се бара: Инженер за испитувања во Сектор за квалитет

Групацијата ТИТАН повеќе од еден век успешно го продолжува својот раст, со особена почит кон поединецот, општеството и животната средина. Групацијата ТИТАН ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата. Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин за Групацијата стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје
ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на 

Инженер за испитувања во Сектор за квалитет (замена на работник на породилно отсуство)

Избраниот кандидат ќе биде задолжен за контрола на квалитетот на материјалите во процесот на производство, од суровина до готов производ. Го следи квалитетот според зададените цели за квалитет во процесот на производство преку хемиски и физичко-механички анализи. Одговорен е за сумирање и анализа на податоците во дневни, месечни и годишни извештаи, за правилна подготовка и контрола на примероци, проверка и калибрација на инструменти. Ориентираност кон задоволување на барања на купувачите. За своето работење ќе одговара на Менаџерот за квалитет. Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот.

Потребни квалификации:
• Технолошки факултет или Природноматематички факултет - Институт за хемиски науки, ВСС/VII1 степен (240 кредити)
• Одлично познавање на Microsoft Office
• Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност
• Работно искуство во индустрија ќе се смета за предност

Конкурентски предности:
Желба за работа во средина со високи барања
Одлични аналитички и организаторски способности
Динамичност, ефективност и ефикасност
Флексибилност и адаптибилност
Посветеност, мотивираност, иницијативност
Тимска работа и кооперативност
Решавање на проблеми

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование

Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.
Вработувањето е на определено време до 31.12.2020 година.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

Аплицирањето се врши само на веб страницата на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, http://www.usje.com.mk каде заинтересираните кандидати треба да ја пополнат електронската апликација за CV и да ги прикачат потребните документи.

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.
Активен до:    28.02.2020

Издвојуваме

Препорачани огласи