X
 07.07.2021 Образование

Од октомври 40.000 студенти ќе добиваат субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат 40.000 редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи.

Оваа финансиска поддршка ќе почне од октомври годинава, а за да ги добијат средствата, студентите освен што треба да се државјани на Македонија, треба да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци, да немаат месечен приход по која било основа поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.
Од октомври 40.000 студенти ќе добиваат субвенциониран оброк

Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи. 

Оваа финансиска поддршка ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата, освен што треба да се државјани на Македонија, треба да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како индивидуални земјоделци, да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, за што МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.

Издвојуваме

Образование