X
 13.02.2015 Живот

Горд татко - До мојата ќерка која ноќева на Филолошкиот факултет

Една од најважните работи кја младите луѓе, кај децата, ќерки и синови, е да ја имаат поддршката од своите родители. Овој родител го прави тоа на вистински начин. Секоја чест!



Горд татко

Ќерка ми ноќва ќе ноќева
на Филолошкиот факултет
(нема врска што студира маркетинг).
Облечи некој подебел џемпер! – и реков.
Ти треба и вреќа за спиење, перница, ќебе...
Веднаш срипав да и направам сендвич
(бев во состојба и брако приколката
да ја отворам во атриумот),
но она ми кидна со едно тенко ранче
во кое немаше ни четкица за заби.
Дибек, си реков откако замина.
Ти ли си тој што спиеше по плажи,
што не ебаваше жива сила,
што си умислуваше дека си
задоцнето дете на цвеќето?
Пушти ја нека биде дел од она
што ти никогаш не си имал
можност да го доживееш
(68-ма немав ни осум одини).
Злато, се гордеам со тебе,
ќе ти се придужам во сабота –
ќе дојдам да видам што сум
пропуштил во младоста!

13.02.2015

Превземено од Фејсбук профилот

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот