X
 23.02.2015 Образование

Втора средба и разговори за нов закон за високо образование

Втората средба на која ќе продолжат разговорите за нов закон за високо образование е закажана за утре попладне. Според министерот Адеми се уште е рано да се зборува за начинот на кој ќе се решаваат    отворените прашања, особено најспорното- државниот испит, пренесува Телма.

Не би сакал во овој момент да навлегувам во суштината на концептот бидејќи тоа треба да го подготват работните групи.За мене како претставник на власта е најважно дека има дијалог, рече Адеми за Телма.

За студенсткиот пленум новата средба ќе биде успешна само доколку  власта се согласи  дека е неопходен нов закон без каква било надворешна проверка на знаењето на студентите. Нема дилема околу ова велат на природно математичкиот факултет каде од пред 2 дена почна бојкот на наставата.Од нивна страна е веќе договорено и како таа во иднина ќе се надокнади

Се договоривме со професорите дали со скратени предавања, настава во тек на викенд, или пак со продолжување на академската година, рече  Кирил Арсовски од студентсткиот пленум

За  окупацијата на факултетите  се разговарало и на средбата меѓу министерот Адеми и неговиот гостин од Хрватска , министерот Морнар.Студенстки протести имавме и ние пред 5 години, рече хрватскиот министер но тие запреа сами по себе, без какви било остри мерки од страна на државата.  Кај нив нема државен испит.

Не, но јас би бил многу среќен кога би имало. Јас мислам дека тој концепт за државен испит е нешто што  е нужно потребно, нешто што ќе помогне во развојот на квалитетот на високото образование , рече хрватскиот министер за образование Ведран Морнар

Според претставниците на студентскиот пленум, хрвтаскиот министер очигледно  не е добро запознаен со македонскиот модел на државен испит . Тој е велат непознат за сите реномирани образовни системи во регионот, но и во пошироки рамки

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование