X
 03.03.2023 Живот

МОН: Се зголемуваат ученичките и студентските стипендии на постојните корисници

На иницијатива на Министерството за образование и наука, корисниците на ученички и студентски стипендии кои се стекнале со ова право во некоја од изминатите учебни, односно академски години и имаат активни договори за користење на стипендијата, од оваа година ќе добиваат зголемен месечен износ, идентичен на износот кој го добиваат новите стипендисти.

За да го остварат правото на зголемен месечен износ на стипендија, постојните стипендисти со активен договор потребно е до Министерството за образование и наука да достават пополнет и потпишан анекс на договорот за соодветната стипендија, кој можат да го симнат од следниот линк.

Анексот се пополнува и доставува во три примероци, во писарницата на министерството или преку пошта (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје), најдоцна до 17.3.2023 година, пишува во соопштението од МОН.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот