X
 15.06.2015 Технологија

Прва веб страна во Македонија за игри на среќа... Наскоро и мобилни апликации!

Државна видеолотарија на РМ ја креираше првата Македонска веб страна за интернет игри на среќа. Во интервју за порталот Фактор.мк, извршниот директор на „Државна Видеолотарија на Република Македонија“, Дане Кузмановски, ги објаснува позициите на фирмата со која раководи, потребите на македонскиот пазар, начинот на кој планира да ја шири „Државна Видеолотарија“, но зборува и за своите претходни бизнис искуства, за начинот на работа во приватна компанија во споредба со јавниот сектор. Ви пренесуваме дел од интервјуто.



ФАКТОР: Државна видеолотарија на РМ ја креираше првата Македонска веб страна за интернет игри на среќа. Дали вашата понуда ги задоволи барањата на играчите на овој вид игри на среќа?
Кузмановски:
На ова прашање би требало да одговорат нашите корисници на услугите односно играчите, а од наш аспект, од моја гледна точка никогаш во животот за ништо не сметам дека сум постигнал комплетен ефект заради тоа што, на свој начин секоја работа е жива материја и постојано бара подобрување. Сметам дека во моментов нашата веб страна е прилично добра, нормално, секогаш може подобро. Сепак, важно е да спомнеме дека ова е прва веб страна во Македонија за интернет игри на среќа, и засега сме задоволни како оди проектот, но не застануваме тука, ќе ја унапредуваме постојано, со цел да се приближиме до Западноевропските организатори на ваков вид на игри на среќа.

ФАКТОР: Досега, голем дел од играчите на интернет игри на среќа, својата среќа ја бараа на странските интернет обложувалници. На кој начин ќе се решите од конкуренцијата надвор од границите на РМ?
Кузмановски:
Постојат неколку начини, меѓутоа самото регулирање на тој пазар веќе почнува да се регулира во рамките на Европска унија, поточно во Европската асоцијација на организатори на ваков вид игри на среќа. Според насоките на Европската асоцијација, организаторите треба да се задржат во рамките на своите држави, доколку има регулатива на домашниот пазар да се задржат на тие регулативи. Кај нас од минатата година, тој пазар е регулиран така што првите две години ексклузивното право за организирање на ваков вид игри на среќа го има Државна видеолотарија на РМ, компанија која ја формира државата заедно со странскиот партнер, а по истекот на тие две години, пазарот ќе биде отворен, но тоа отворен не значи дека странските провајдери ќе може да зрачат овде и да организираат ваков вид игри на среќа туку да се лиценцираат, да добијат одредени лиценци преку кои практично ќе се донесат поголеми придобивки за играчите, повеќе отколку за државата.

Лиценцата која ја има Државна видеолотарија на РМ во таа насока е екслузивност на оваа фирма, а би требало времено да трае две години. Целта е да се осознае овој бизнис и врз база на тие сознанија, потоа да се направат позитивни и навремени мерки за регулација на пазарот. Не само од аспект на прибирање на средства за државата во форма на даноци или одредени лиценци, туку и заради тоа што еве сега на пример, во моментов вие се регистрирате на некој надворешен сајт, па доколку парите ви бидат земени, како ќе се заштитите? Каква е сигурноста на играчите дека парите кои ќе ги уплатат за обложување ќе ги добијат – значи нема никаква регулатива.



Доколку по тие две години странските сајтови и интеренет обложувалници бидат регистрирани во нашата држава, а се појави било какво незадоволство или нерегуларности од нашите играчи, тоа да може да се регулира според нашите закони. Тие сајтови сега практично работат на црно во Македонија. Голем дел од тие страни веќе не примаат играчи од Македонија да вршат уплата кај нив, не заради тоа што ги следат нашите законски регулативи, туку затоа што ги следат насоките на Европската асоцијација. Практично сите сериозни сајтови веќе не дозволуваат не само за Македонија, туку и за сите странски државјани каде што не се регулирани, во смисла на дозволи, одредени лиценци …

ФАКТОР: Дел од играчите шпекулираа дека ќе блокирате интернет страни? Има ли вистина во тоа?


Кузмановски: Нашиот регулатор, во моментов тоа е Министерството за финансии, и ние одлучивме тие сајтови да ги опоменеме на културен начин, со дописи дека не смеат да регистрираат играчи од Македонија, бидејќи не е законски и не е во согласност со регулативите на Европската насока и верувајте сите сериозни компании кои се занимаваат со овој бизнис веќе го имаат блокирано регистрирањето на македонските играчи, бидејќи на тој начин тие сакаат да се заштитат самите себе од нелојалната, фантомска конкуренција која што е регистрирана на сомнителни места. По овие две години кои веќе ги образложивме, странските компании ќе можат да се регистрираат, да си добијат одредени лиценци и да функционираат на пазарот во Македонија.

2win.мк е првата платформа за интернет игри на среќа во Република Македонија. Сегашната понуда вклучува спортско обложување и казино игри.

ФАКТОР: Во моментов, на вашата страна не може да се игра од мобилен телефон или таблет. Не размислувате за таа опција?
Кузмановски: Не само што размислуваме, туку веќе сме во завршна фаза, што значи дека до
крајот на јуни ќе стане реалност. Нашата мобилна апликација ќе може да се употребува преку сите андроид, ајфон телефони и таблети, со што ќе им биде достапна за играње на нашите граѓани.

ФАКТОР: Дали може да играат играчи од странство?
Кузмановски:
Како што напомнавме, ги следиме насоките на европската асоцијација. Во овој момент може да играат само странски државјани, каде не е регулиран пазарот, таму каде што не се бараат лиценци, морате да бидете лиценцирани, а бидејќи ние не сме лиценцирани во тие држави, не дозволуваме.

ФАКТОР: Во моментов на вашата страна нема опција за играње на игри на среќа како Лото, Бинго, грепки. Не сте размислиле за таа понуда или можеби не сакате да и конкурирате на вашата мајка фирма- Државна лотарија на Македонија?
Кузмановски:
Не се работи за конкуренција од две причини: Прво, старите традиционални лотариски игри офлајн- како што би нарекле, ги практикуваат повозрасните граѓани, додека пак сето она што е опфатено со онлајн играњето на среќа е за релативно помладата или посредната генерација. Не може преку ноќ се да биде достапно на пазарот. Во првите три месеци, го имплементиравме она што го побараа играчите според нашите анализи. Сакавме да ги задоволиме првично тој вид на корисници на услуги. Нивните барања за игри на среќа беа во најголем процентот за обложување и казино игри, па токму затоа дадовме акцент на тоа .

Во втората фаза, како таргет на нашиот план е подготовка на мобилната апликација, која до крајот јуни треба да биде завршена, а веднаш потоа веќе се во завршни фази и постепено ќе се имплементираат и останати видови на игри, меѓу кои што се и производите кои ги нуди Државната лотарија.

ФАКТОР: Зошто во моментов нема опција обложување во живо, посебно затоа што тоа се смета за најатрактивен начин за интернет игрите на среќа, ако судиме по реакциите на играчите?
Кузмановски:
Во јуни ќе се имплементира и обложувањето во живо, а бидејќи во летните периоди фудбалските и сите тие спортски натпревари се во вид на мирување, па поради тоа дадовме предност на мобилната апликација и веднаш потоа одиме со обложувањето во живо и сите оние останати игри. До септември планираме да имаме комплетно портфолио на игри.

Линк до целосното интервју

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија