X
 19.10.2015 Наука

15 годишна средношколка пронајде начин како да им помогне на милиони луѓе

15 годишната Хана Хербст вели дека откри начин како да спасува животи преку користење на ресурс во близина на нејзиниот дом во Флорида: океанот.

 

1


Во нејзиниот видео запис за „2015 Discovery Education 3M Young scientist Challenge“, Хербст објаснува како нејзиниот пронајдок наречен „The Ocean Energy Probe“ функционира и како таа може да го користи за да му помогне на светот со енергетска криза.

Со овој брилијатен пронајдок таа успеа да ја освои наградата за најдобар американски научник и 25.0000 долари.

Нејзиниот уред обезбедува извор за одржлива енергија и свежа вода за луѓето.

Нејзиниот пронајдок, сондата, се фокусира на користење на несобрана потенцијална енергија која ги претвора струите на водата во електрична енергија. Ова би можело да има огромно влијание врз светот.


„Таа пресметала дека ако нејзиниот дизајн биде намален, ќе може да произведе доволно електрична енергија а полнење на три автомобилски акумулатори за помалку од еден час. Тоа е доволно енергија за напојување на морски пумпи за десалинизација за да се обезбеди извор на свежа вода за земјите во развој. Тоа би можело да напојува центрифуги за крв за медицинска употреба“, велат научниците.

 


Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука