X
 21.07.2017 Живот

Кои милијардери од светот на технологијата донираат најмногу пари?


Илустрација: Човек со златници под костумот
(Фото: Altcoin Today)

Најпознатиот филантроп меѓу милијардерите од технолошката елита е Бил Гејтс. Исто така, се проценува дека Гејтс во текот на животот донирал речиси 30,2 милијарди долари и тоа најмногу во фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“, која се бори против сиромаштијата во земјите низ светот.

Заедно со Ворен Бафет, Марк Закерберг и 128 други милијардери, Гејтс е дел од компанијата и проектот под името „The giving pledge“, во која милијардерите во текот на својот живот или после смртта даваат согласност дека половината од своето богатство ќе ја подарат во хуманитарни цели.

Коосновачот на „Интел“, Гордон Мур, исто така е еден од филантропите низ светот. Тој и неговата сопруга Бети се придружија во заветот во 2012 година и одлучија после единаесет години финансирање на својата донација, да донираат половина од своето богатство.

Некои милијардери преферираат да останат анонимни донатори, што влијае врз веродостојноста на листата со најхумани донатори во светот.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот