X
 03.02.2016 Здравје

Од што треба да се откажете за да ја доживеете 100-та година?

стота

 

Научниците од академијата Сахлгренска во Шведска, 50 години го следеле здравјето на 855 мажи родени во Готенберг во 1913 година.


Од овие испитаници, 10 ја доживеале нивната 100-та година, а во истражувањето за прв пат биле вклучени во 1963 година.

Мерењето и испитувањето се повторувало кога имале 54, 60, 67, 75, 80 и 100 години. 25% од нив доживеале 80 години, а кардиоваскуларните болести биле најчестата причина за смртта, додека кај двајца од оние кои доживеале 100 години имале деменција.

Ларс Вилхемсен, кој бил вклучен во ова истражување, ги споделува советите со кои вели дека можете да ја доживеете 100-та година.

„Препорака за оние кои сакаат да наполнат 100 години е да се воздржат од пушење, да одржуваат здраво ниво на холестерол и да го ограничат внесувањето на кафе на четири шолји дневно“, вели Ларс.

Научниците испитувале и некои од факторите врз кои луѓето не секогаш можат да влијаат, а тоа е на пример, долгиот животен век на еден од родителите или богатството.

Од 100 годишните, двајца се откажале од истражувањето поради проблеми со деменција и други лични причини.

Ова се некои од карактеристиките на луѓето кои ја доживеале 100-та година.

- Не биле пушачи

- Нивните мајки живееле долго

- Биле слаби и имале добар став на држење

- Висок социјален статус

- Максимален работен капацитет со 54 години
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје