X
 01.03.2016 Здравје

Најважната работа која може да ја направите за да го продолжите животот

Што мислите дека треба да правите за да живеете подолго? Треба ли да вежбате секој ден, очајно да ги изгубите тие несреќни 5 килограми, да медитирате или да го намалите холестеролот? Се покажува дека тајната на долгиот живот не е во ниту една од овие дилеми.


Според нов инфографик објавен на ЈАМА, она што најмногу влијае на здравјето и долговечноста е она што го јадеме. Храната има многу поголемо значење отколку физичката активност, индексот на телесна маса, холестеролот и друго.

Научниците ги откриваат десетте најчести причини за смрт кај Американците во последните две децении. На врвот на листата се срцевите болести и Алцхајмеровата болест. Постојат мали разлики меѓу мажите и жените, па следуваат и карцином на белите дробови, мозочен удар, други болести на белите дробови, респираторни инфекции, дијабетес, хронични болести на бубрезите, карцином на дебелото црево, карцином на дојката и карцином на простатата.


Исхраната поврзана со 7 од 10 причини

На инфорграфикот се покажуваат и факторите кои најчесто влијаат на причините за смрт. На пример, високиот притисок е ризичен фактор за мозочен удар, срцева болест или болест на бубрезите. Податоците покажуваат дека исхраната е врзана со 7 од 10 главни причини за смрт, заедно со пушењето кое е поврзано со 7 главни причини, исто така.

Храната има силно влијание на должината на животот повеќе од индексот на телесна маса, шеќер во крвта, холестеролот, намалената физичка активност, алкохолот и употребата на дрога. Ризична исхрана значи слабо консумирање овошје, јатки, млеко, влакна, калциум, омега 3 масни киселини или полузаситени масти, а консумација на големо количество црвено место, засладени пијалоци и натриум.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје