X
 13.04.2016 Наука

Проект на Стивен Хокинг - следниот голем чекор во историјата на човештвото

На 12 април познатиот астрофизичар Стивен Хокинг заедно со милијардерот и инвеститорот Јури Милнер најавија амбициозен план да испратат сонди до најблиската ѕвезда до нас, Алфа Кентаури.

 

хокинг


Алфа Кентаури е 4 светлосни години оддалечена од нас, или 25.6 трилиони милји. Милнер ќе инвестира 100 милиони долари во овој истражувачки проект наречен „Starshot“, за кој смета дека ќе биде потребна временска рамка од 20 години.

„Време е да се направи следниот голем чекор во историјата на човештвото“, изјави Милнер на прес-конференцијата.

Проектот треба да ги спакува сите компоненти за вселената во мало нано вселенско летало кое би можело да забрза до огромни брзини. Секое мало летало ќе има ласерски импулс кој ќе го движи од Земјата. Секој пулс на нано-леталото ќе му дава поттик.

Вселенското летало нема воопшто да ја намалува брзината. Тоа ќе прелета покрај Алфа Кентаури, ќе направи некои фотографии и ќе земе податоци од мерење на магнетни полиња и молекулите.

„Постојат многу предизвици, но не гледаме некои пречки врз основа на основните принципи на физиката“, вели Ави Лоеб, астроном на Харвард кој е дел од мисијата.

„Ова е вистинско револуционерно летало за кое Хокинг изјави дека ни е очајно потребно. „Без нови методи на пропулзија, едноставно не можеме да одиме многу далеку освен ако не сме подготвени да потрошиме илјадници години летајќи“, изјави Хокинг.

 

хокинг


Денот на објавување е доста значаен: 12 април е 55 годишнина од првиот вселенски лет на космонауотт Јуриј Гагарин во 1961 година. „Од тогаш имаме постигнато многу, такашто време е човекот да го направи следниот чекор во истражувањето на вселената. Она што нè прави единствени е надминувањето на нашите граници“, вели Хокинг.

Но, која е причината за патување до друга ѕвезда? Хокинг посочува две.

„Прво, бидејќи не постојат поголеми височини од ѕвездите, кон кои треба да се стремиме и второ, не е во ред да ги чуваме јајцата во една кревка кошница“, вели тој.

Ова е метафора - Хокинг мисли на можноста Земјата да биде уништена од некој астероид, експлозија на супернова или климатските промени.

Поранешниот астронаут Мае Јемисон вели дека ова не е само за истражувањето на вселената.

„Мора да го направиме овој проект за да го подобриме животот на Земјата“, вели тој.

Минатата година, Хокинг и Милнер ја најавија програмата вредна 100 милиони долари која ќе користи систем на радио телексопи за пребарување на знаци на живот. 10 годишниот проект, наречен „Breakthrough Listen“, е најголемата потрага по вонземски живот од ваков вид. Проектот ќе скенира 50 пати почувствително од претходните скенирања и пребарувања за вонземска интелигенција (SETI мисиите).
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука