X
 15.04.2016 Образование

Монтесори метод: Како децата да бида послушни а да мислат со своја глава?

Од сите главни области во само-формирањето на детето - координирано движење, самостојна и волја - волјата во нашето општество најмалку се сфаќа и поддржува.

 

1


Сепак, знаеме дека за да имаме самодоверба, треба да бидеме во состојба да се контролираме. Оваа контрола се шири врз нашите ментални животи како и врз нашето физичко делување. Детето мора да научи да ги дисциплинира мислите, баш како што се учи дисциплина на делата.

Цивилизираното општестов отсекогаш се потпирало на дисциплината на своите граѓани. Дисциплината, послушноста и самоконтролата започнуваат од детството. детското прифаќање на општествени „правила на движење“ на никој начин не подразбира дека треба да ги воспитаме децата да пораснат во самозадоволни и зависни личности. Монтесори образованието го поддржува токму спротивниот пристап на човечкото суштество од раѓање. Искуствата на Марија Монтесори со фашизмот, нацизмот и комунизмот ја убедија во апослутната неопходност за слободни мисли во сите општества.

Како децата да бида послушни а да мислат со своја глава?

Како што ги воспитуваме децата кои имаат самоконтрола, тие го прифаќаат авторитетот на возрасниот. Но како да избегнеме да станат „тврдоглаво своеволни“? Со тоа што на малите деца ќе им помогнеме уште од најраните години во животот да развиваат способност да ја изберат позитивната задачи, а притоа да се фокусираат на задачите и да не обрнуваат внимание на се` што може да им пречи. Детето помладо од 6 години нема вистинско разбирање зошто некое однесување не е како што треба. Родителите не можат да дадат асптрактни причини за самоконтрола на своето дете и да очекуваат тоа да ги разбере. Наместо расправии со своето дете помало од 6 години, родителите мораат да се потпрат на други стратегии - попрецизни, со наметната контрола и последици.

Очигледно, на возраст под 6 години, на децата во животот им се потребни возрасни преку кои ќе ја манифестираат својата енергија и волја, затоа што децата на оваа возраст се`уште не го разбираат своето постоење и што тоа значи во велост. Улогата на возрасните е постепено да го водат детето во универзум кој е заснован на ред и ограничување на дневниот живот. Важноста на основното разбирање на универзалната цел не може да биде пренагласена.

За почеток воведете ред во сопствениот живот


Првиот начин на кој можете да му помогнете на детето е да послужите како модел за самоконтрола и ред во сопствениот живот. Ако водите уреден живот, тогаш ваквите акции се природни. Но, ако животот ви е хаотичен и обично се чувствувате исцрпено и надвор од контрола, тогаш треба да се преиспитате себеси и вашиот живот. Особено треба да се проценат акциите кои заедно ги извршувате со децата. Дали играчките ги собирате по случаен избор, дали ги селектирате прво плишаните животни во една корпа, коцките во друга, слагалиците на полица, а книгите на биро? Кога ќе ја средите собата, дали ја носите валканата облека во корпата, бањарката во купатилото?

Кога сте уредни во вашите дневни активности, децата доживуваат дисциплинирани мисли затоа што вашиот ментален ред и за нив е ивидлив, па тие можат да го вклучат овој ред за сопствена потреба.

Детето мора да се подготви за опкружување кое прикажува ред и структура во активностите. Искуството за ред во човечкиот живот создаваат очекувања кај детето кое за возврат може да гради ред в о својот ум и со тоа да си помогне во развивањето на волјата. „Што, кога и каде“ даваат можност за овие очекувања. На детето треба да му објасните: што да очекува, кога да го очекува и каде да го очекува.

Рутина


Децата треба да знаат дека храната останува во кујната; дека треба да јадат на маса наместо да шетаат со кексот во рака низ куќа. Се бањаме во кадата, одиме во вц во купатилото. Играчките и слагалиците не припаѓаат во кујната. Посебните играчки кои се во дневната остануваат таму и не се влечкаат насекаде низ куќа. Спиеме во сопствените кревети.

Следната задача е овие активности да станат рутински: сега е време за „кога“. Распоредот на бебето и малото дете се состои од оброк, дневно спиење, активност и ноќен сон. ИСто така сакаме да создадеме и време за размислување и да ја зголемиме способноста да ги интегрира неговите силни впечатоци и со тоа да го зацврсти своето учење. Добро би било кога родителите на своите деца им читаат секоја вечер пред спиење со што ќе постават темели за мирно време.

Конзистентноста на распоредот и рутината се од суштинско значење за сфаќањето на бебето она што се очекува од него. Затоа потребно е да се испланира време за излегување надвор од домот. Ако вашето бебе поминува врме надвор, планирајте после тоа да го однесете дома, а другите случувања оставете ги за подоцна. Доколку детето го земате од градинка и се одлучите да одите во паркот, кај пријателка или слично, треба да размислите дали да го направите тоа. Бидејќи секое земање од училиште, детето ќе се прашува зошто не одите во паркот или кај пријателката. Децата на две и три години не ги разбираат овие промени во активностите. Ако детето инсистира да оди во паркот тогаш родителот ова го толкува како тврдоглавост.

Редот „што, кога и каде“ во животот на детето овозможува структура и можност за ограничување и дисциплина. Живеењето со ова ограничување и искуство на ред ја развива волјата кај детето. Овие надворешни ограничувања се неопходни во секој случај додека детето не ги усвои и не биде во состојба да го контролира сопственото однесување.

Децата на кои им се дозволило да манипулира со своите родители учат да ја трошат својата енергија и да ја развиваат својата интелигенција на тој начин и тоа станува ментална навика.

„Не“ мора да значи не секој пат!


Ова е долг проце на самоформирање за детето. Родителите мораат да обрнат внимание да не го забрзат намерно со недостаток на убедување и цврстина. „Не“ мора да значи не секој пати. „Не“ не може да значи: „Прашај ме повторно и ќе ти попуштам“. Како родители мора да одлучите какво дете сакате? Дете на кое му е дозволено да манипулира со родителите или деца кои се среќни со убедувањата и цврстината на своите родители во поставувањето на граници - овие карактеристики стануваат карактер кај детето. Според зборовите на Монтесори учењето: „Улогата на возрасните е со љубов да го научи детето на граници или светот ќе го научи без љубов“.

Извор: Извадок од книгата „Монтесори од почеток“, Лин Лилард Џесен, Пола Пук Лилард

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование