X
 06.06.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во текот на оваа работна недела?



Денес е понеделник, 6 јуни 2016 година, 158-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 4:58, а ќе зајде во 20:07 часот. Денот ќе трае 15 часа и 15 минути.

Врнежите од дожд кои во вчера навечер и во текот на ноќта ја зафатија источната поливина на Македонија, ова утро ги имаме само во Малешевијата. Ова утро во најголем дел од Македонија имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, а во југозападните предели е претежно ведро и сончево. Во претпладневните часови ќе продолжи намалувањето на облачноста.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во понеделник претпладне ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Поинтензивни врнежи се очекуваат во северозападните и западните предели. Минимални врнежи а може и воопшто да ги нема во југоисточните предели (Гевгелиско-Валандовскиот и Струмичкиот регион). Ќе дува доумерен северозападен и западен ветер. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните од 19 до 31 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во вторник во поголем дел од Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне во јужните, југоисточните и источните предели нестабилно со врнежи од дожд. Дневните температуриу од 18 до 30 степени. Во среда претпладне претежно сончево, попладне и навечер со услови за врнежи од дожд, претежно сончево ќе биде само во североисточните предели. Максималните температури од 17 до 29 степени. Идентично време и во четврток и петок со тоа што претежно сончево време во текот на целиот ден се очекува во североисточните, источните и југоисточните предели. Температурите од 19 до 31 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот