Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи од родители, ученици и
наставници околу прашањата кои се паѓаат на екстерното тестирање кое е во тек
во основното и средното образование. Од небулозни, до погрешни или
непотполни прашања... Ова се само дел од забелешките на кои се жалат
наставнииците и родителите.
Прашање кое предизвика внимание и е по предметот Граѓанско општество е „Што
од наведеното не е начин на решавање на конфликт“, а како одговори се нудат
компромис, согласност, договор и протест, а точниот одговор што се бара е
протест. Многумина го поврзаа и искоментираа во котекст на актуелната
политичка ситуација во земјава.
„ Кој дел од растението , Баба рада треба да го набере, за да направи чај од
камилица“, е прашање по предметот Биологија кое и лани се вртеше на Фејсбук.
Учениците од шесто одделение, пак треба да знаат еден куп информации за
античка Македонија, но и небулози како на пример прашањето „Од јазикот на
античките Македонци денес се познати“? а и „Каде била одржана масовната
свечена свадба кога десет илјади Македонци се ожениле со Персијки?
Родители реагираат дека има и премногу прашања за барокот како ова за петто
одделение „Во која земја во Европа за првпат се појавил барокот и која е поентата
на барокот“?
Секако дека не треба да се верува во се што ќе постира на социјалните мрежи
бидејќи голем дел од народот си игра мајтап и со измислени прашања. Екстерното
тестирање е посебен предизвик секоја година токму за твитер заедницата.
Родители пак велат дека грешките во прашањата се истите од лани.
- По многу предмети кои лани ги учевме со син ми и наоѓавме грешки, сега ги
гледам во прашањата за ќерка ми. Ништо не е поправено од грешките - вели мајка
на петто и шестооделенци.
Од Државниот испитен центар потенцираат дека ќе има можност за приговори и
дека никој ученик нема да биде оштетен поради грешка на системот или грешки во
прашањата. Екстерното тестирање ќе заврши на 11 јуни, а опфатени се 178 648
ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972
предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 13 јуни за деветто одделение, а на 17
јуни за сите останатиученици.