X
 02.07.2016 Технологија

Како славните личности заработуваат од Инстаграм?

1

 

Постојано сме сведоци на ова: Објава на Инстаграм која изгледа малку поразлично од останатите.


Можеби има нешто различно во начинот на кој лицето позира или можеби е до фактот што фотографијата изгледа како реклама. Повеќето од нас не го ни забележуваат ова, и едноставно продолжуваат да скролаат до наредната фотографија.

Она што не го знаеме е дека постовите на Инстаграм суптилно пристигнуваат до нашата потсвест и влијаат да избереме различно следниот пат кога пазариме.

И нешто што е уште поважно - овие мислења не' водат до тајниот и профитабилен свет на приходите на славните личности. И додека ние обичните луѓе сме толку среќни што добиваме неколку лајкови на социјалните медиуми, ѕвездите заработуваат.

Како функционира овој систем на заработка?

Најпрво, како сето ова започнало? Експертите на брендовите успеале да откријат дека рекламирањето на Инстаграм е неискористен рудник на злато. Според Мајк Хелер и Мет Кришнер, основач и партнер на „Talen Resources“, дигитална компанија за брендирање, се' започнало поради броевите.

„Со Инстаграм имаме анализа и метрика: механизми за следење. Ова ни овозможува да мериме и да видиме кој гледа и што гледа и да дадеме извештај на брендот кои видови на луѓе успеваме да ги допреме“.

Брендовите започнале да сфаќаат дека не само што откриваат колку се ефикасни Инстаграм постовите, туку и дека со нив се добиваат инстант резултати и продажби. Кога потрошувачите гледаат нешто на социјалните медиуми, ние веруваме во него веднаш.

Плаќањето на славна личност да постира на Инстаграм е доста лесно. „За тв спот мора да се вклучат многу луѓе. Тука се писатели, човечки ресурси, таленти, маркетинг. Потребни се 50 луѓе за да се испрати една порака“. Но, кога станува збор за Инстаграм, нема потреба од толкава инволвираност на луѓе.

Откако сето тоа го зеде обликот на традиција, индустријата мораше да одлучи што е спонзориран пост. Малку е нејасно кога се обидувате да ѝ платите на позната личност да поддржи нешто, па така постојат прилично строги правила. Постојат неколку хаштагови кои доаѓаат заедно со постовите кои носат големи пари, а славните личности треба да користат најмалку еден од нив. Меѓу нив се #ad, #spon и #partner.

„Ако не ги вклучите овие хаштагови, тогаш сте во неволја. Не сакаме да склучуваме договор без нив“, вели тимот од „Тalent Resources“.

Како една ѕвезда прави ваков договор? Ова може да се случи преку неколку начини. Понекогаш брендот користи еден вид „seeding“, односно ги испраќа своите производи до различни познати личности, за тие да ги пробаат, а потоа им приоѓа и ги запрашува дали сакаат да ги рекламираат и да бидат платени за тоа. Понекогаш брендот и тимот на познатата личност закажуваат состанок и се договараат, а потоа познатите личности постираат за производот.

Како и да е, брендовите секогаш ќе се обидуваат да изберат која позната личност ќе го рекламира брендот пред да платат за тоа.

„Будно ги следиме славните личности; кое е нивното хоби, кои се нивните омилени производи и храна, за да можеме да им понудиме соодветно партнерство со брендовите. Знаеме дека ако излезе неавтентично, фановите нема да поверуваат“, вели Касиа Пандира, од „Ketchum Sports & Entertainment“.

Откако ќе се направи договор време е за постирање. Повеќето ѕвезди имаат цел тим позади профилите на социјалните медиуми (или барем менаџер) кои се занимаваат со постирање.

Сега доаѓаме до моментот кој не' интересира сите: бројките. Колку се плаќа? Секако, надоместокот за спонзорирани постови варира во зависност од тоа за која ѕвезда станува збор.

Според „Ketchum Sports & Entertainment“, сумата зависи и од тоа колку следбеници има познатата личност, и нејзиниот однос со фановите како и времето на постирање, па така станува збор за опсег од 2.000 до 15.000 долари за еден пост. Но, познатите личности кои се најмногу платени се луѓе како Кристијано Роналдо, Лејди Гага, Џастин Бибер и слично.

И секако, ако вашето презиме е Џенер, тогаш постои голема шанса да ви биде платено до 150.000 долари. Само направете селфи, напишете една реченица и споделете. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија