X
 01.03.2016 Култура

Кој го освои Оскарот на социјалните медиуми?

Академијата можеби ги игнорираше актерките и актерите во боја оваа година, меѓутоа социјалните мрежи ги наградија Кевин Харт и Софија Вергара со најмногу лајкови за време на церемонијата. Фотографијата споделена од Харт доби најмногу лајкови на Инстаграм, а 13-те фотографии на Вергара добија 1.5 милиони лајкови, според веб страната „LookLive“.

 

1


„LookLive“ откри дека фотографијата на Харт на која е водителот Крис Хорк и комичарот Дејв Чапел доби најмногу лајкови на инстаграм. Откако била објавена, фотографијата доби 415.000 лајкови.

Харт ја нагласи потребата за поддршка на неговите колеги и колешки професионалци. Ова доаѓа веднаш после протестите дека номинираните актери и актерки се само бели. „LookLive“ исто така откри кои се ѕвездите со најголем трендинг на Твитер и Инстаграм - над 1.523.865 твитови биле испратени користејќи го хаштагот #oscar, околу 2.000 твитови во една минута или 32 твитови во секунда.

 

Софија Вергара постира 13 фотографии и доби 1.5 милиони лајкови на Инстаграм, а на една од фотографиите таа е со Крис Рок. Иако таа не беше номинирана за награда, таа сепак е една од највисоко платените актерки.


@chrisrock #Oscars2016 👏👏👏👏👏👏👏👏

A photo posted by Sofia Vergara (@sofiavergara) on

 

Леонардо Ди Каприо беше најспоменуваната позната личност на Твитер со 400.000 признанија. Ова не е изненадување со оглед на тоа што кај сите преовладуваше напнатоста дали ќе го освои Оскарот. Овогодинешната номинација беше шеста за Лео. Неговата прва номинација тој ја доби во 1993 година за улогата во филмот „What's eating Gilbert Grape“. Покрај тоа, твитот во кој се објави неговата победа, беше ретвитан повеќе од 100.000 пати.


Џенифер Лоренс, која заблеска во „Dior“, беше најспоменувата актерка за време на Оскарите. Таа доби 20.000 споменувања, и покрај фактот што таа не го освои Оскарот за најдобра актерка за улогата во филмот „Joy“. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура