X
 04.10.2016 Економија

Јован го победи ракот, направи сајт и доби мало богатство од Германците да го развие

Економистот Јован Пауновиќ добил 750.000 евра за развој на неговата бизнис идеја, која тој ја покренал по успешната борба со ракот. Неговата веб-страна им помага на луѓето преку видеа да добиваат совети од саканиот лекар, во удобноста на својот дом и без чекање на ред.

Идејата започнала како трка за еден милион евра, а завршила со речиси пет пати поголем износ што германските инвеститори го собрале во "FoundCenter инвестиции", при што инвестирале во 13 најдобри бизнис идеи. Прв во трката бил токму Јован Пауновиќ, затоа што неговата компанија покажала дека може да успее на меѓународниот пазар и да ја менува иднината.


Јован


“Ние направивме сајт преку кој корисниците може бесплатно да се пријават и да изберат лекар со кого сакаат да се консултираат. Тие закажуваат преглед и по пат на видео разговор, од својот дом, добиваат корисни совети од лекарите, по многу поволни цени од оние во ординациите. На овој начин, ги намаливме трошоците и им овозможуваме на луѓето без чекање во редици и лутање за вистинскиот лекар, да ја добијат саканата услуга“- објаснува Пауновиќ.

Овој вид на разговор може да направи дури 75 проценти од прегледите, вели Пауновиќ. Исто така, пациентите на сајтот прават свои здравствени картони, за лекарите да имаат увид во медицинска историја. Идејата да започне со овој сајт, кој нема никаква поврзаност со неговата професија, дојде по неговата лична битка со ракот.

“Знам како беше кога јас и моето семејство лутавме во потрага по совет. Ние немавме никакви контакти, а не знаевме до кого да се обратиме. Тропнавме на многу врати и чекавме во многу редови. Затоа одлучив да започнам со веб-сајт, каде на “Google“ може да пребарате она што ви треба и од дома да дојдете до потребните лекари“- опишува Пауновиќ.


Србија иновативност


Со парите што ги добил планира технолошки да го надгради сајтот и да се прошири базата на партнери, така што корисниците би имале повеќе експерти на располагање. Исто така, ќе инвестира во маркетинг, бидејќи идејата е од локална да стане глобална компанија, која им помага на луѓето од целиот свет на брз, лесен и удобен начин да добијат совет од лекарите.

Уште еден проект од Србија, кој доби финансиска поддршка е “Ci Gel“. Неговите творци добија награда за иновативност во износ од 650.000 евра, а направиле противпожарен гел, кој не гори и одржува иста температура.

“Friend Recep“ е исто така српска идеја, која го освои третото место во главната конкуренција и освои 180.000 евра за апликација која собира постови на сите социјални мрежи за осум најблиски пријатели. Второто место го освоила украинско-шпанската компанија “BNesis“ за проектот за програмерска интеграција, а за иновативност пари се доделени и за проекти за 3D печатач и употреба на мозочните бранови.

Како што организаторите најавиле, следната година тие планираат уште поголем настан, со цел да се поттикне развојот на идеи кои се применливи на глобално ниво и кои ги собираат на едно место квалитетните луѓе.
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија