X
 24.11.2016 Технологија

Револуцијата пристигна: наскоро батеријата на паметните телефони ќе се полни за само неколку секунди

Во текот на изминатите десет години, паметните телефони напредуваа во речиси секој поглед, освен за една компонента: батеријата.

Тимот на американски научници од Универзитетот во Централна Флорида се убедени дека нанотехнологијата може да ја надмине и последната пречка за издржливоста на батеријата на смартфоните и донесоа револуција во областа на снабдувањето на енергија. Тие исто така имаат доказ за тоа.

Според резултатите објавени во списанието „ACS Nano“ откриен е нов процес на создавање на флексибилни супер-кондензатори чие време на полнење на батеријата на паметните телефони се мери во секунди, додека за празнење треба повеќе од една недела.

Но тоа не е се, може да ја наполните батеријата над 30.000 пати, додека литиум-јонската батерија нуди само 1.500 полнења.


батерија


Супер-кондензаторите се состојат од милиони нанометарски тенки жици и обвивка обложена со дво-димензионални материјали. Јадрото овозможува брз пренос на електрони за полнење и празнење, додека обвивката држи огромно количество на енергија во мал простор.

Американските научници развија едноставна хемиска синтеза, која ги интегрира постоечките материјали со дво-димензионални, на тој начин надминувајќи ја пречката која претходно ја попречуваше нивната употреба.

Супер-кондензаторите сé уште не се спремни за комерцијална примена, но наскоро ќе може да се дојде до батерии за електронски уреди и за електронски возила.  
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија