X
 06.05.2017 Образование

Борбата за опстојување на Универзитетот во Будимпешта е борба за Европскиот идентитет

Мајкл Игнатиеф не е лице кое би очекувале да се најде во центарот на глобалната политичка моќ, меѓу имиња како Доналд Трамп и Владимир Путин. Тој бил презентер на телевизиско шоу во 1990-те во Велика Британија. Потоа започнал политичка кариера во Канада, каде што станува лидер на опозициската партија, а минатата година станал претседател на Универзитетот на Централна Европа во Унгарија.

фото извор: bbc.com

Универзитетот во Будимпешта е симболично бојно поле помеѓу либерален интернационализам и раст на популистички национализам. Игнатиеф вели дека би било прв пат пост-воена Европска држава да се извлече со затворање на бесплатен универзитет. Унгарската влада, пак, инсистира дека универзитетот треба да се вклопи во новите повисоки образовни регулативи.

Ова е проблем кој има свои корени и тоа поврзани со основачот на универзитетот, Џорџ Сорос. Милијардерот кој е роден во Будимпешта и го преживеал Холокаустот, е страстен поддржувач на либералните цели. За многумина тој е омразена фигура. Противник е на Трамп и Путин.

Универзитетот е либерална, интернационална институција, акредитирана во САД исто како и во Унгарија, креирана да промовира демократски вредности. Но, претседателот на универзитетот вели дека големо било верувањето дека тоа што Трамп е претседател на САД, може да им донесе проблеми.

Игнатиеф вели дека од октомври универзитетската лиценца може да биде повлечена, па нема да бидат во можност да регрутираат студенти. Можеби нема да престанеме со работа, но по се изгледа дека ќе треба да ја напуштиме земјата, истакнува Игнатиеф. Добиле понуди од 6 други држави кои би го зеле универзитетот.

Игнатиеф прашува: „Ако универзитетите можат да бидат повлечени во срцето на Европа, тогаш што значи тоа за иднината на демократијата?“
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование