X
 15.06.2020 Живот

Европски земји во кои нема аеродром

Можеби ви се чини неверојатно, но во Европа има земји што немаат аеродром. Погледнете кои се тие.

1. Ватикан

Ватикан е најмалата држава на светот со површина од 0,44 километри квадратни. Таа нема свој аеродром бидејќи се наоѓа во Рим, кој има два меѓународни аеродрома.

2. Сан Марино

Уште една држава што нема аеродром, но не е опкружена од урбан град како што е случајот со Ватикан. Сепак, аеродромот „Федерико Фелини“ е оддалечен само 15 километри.


3. Монако

Од една страна Франција, а од друга Средоземното Море, Монако е втората најмала држава во светот. Луѓето обично со авион слетуваат на аеродромот во Ница, на Азурниот Брег во Франција, па продолжуваат понатаму.

4. Лихтенштајн

Оваа мала држава се наоѓа на границата меѓу Австрија и Германија. Најблискиот аеродром е во Швајцарија. Оваа земја има највисок БДП по глава жител и може да се пофали дека е меѓу оние што имаат најмал јавен долг.


5. Андора

Оваа мала држава меѓу Франција и Шпанија е сместена на Пиринеите. Главен град е Андора ла Велја, кој воедно е и највисокиот главен град во Европа. На три часа оддалеченост има пет аеродроми во Шпанија и Франција.

Извор: B92
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот