X
 12.05.2017 Живот

Врховниот суд во Индија ќе одлучува дали да се отстрани законот за моментален развод

Врховниот суд во Индија ќе реализира сослушување заради неколкуте петиции кои се поврзани со контроверзната практика за моментален развод во Исламот.


Од судот изјавиле дека ќе ја испитаа практикаат позната уште како „triple talaq“, која е фундаментална во религијата. Иднија е една од неколкуте земји во светот каде што мажот Муслиман може да се разведе од својата жена само откако ќе го каже зборот „talaq“, кој значи развод три пати.

Активистите реагираат дека ваквата практика е дискриминирачка. Петициите биле потпишани од страна на неколку жени Муслиманки и неколку организации за граѓански права. Од судот истакнале дека сослушувањата ќе завршат на 19 мај, па потоа ќе излезат и со пресуда. Индијската влада, пак, тврди дека оваа практика е неуставна и е против родовата еднаквост и достоинството на жените.

Организациите тврдат дека илјадници жени, особено оние од сиромашни семејства, често се соочуваат со овој проблем. Муслиманите во Индија се најголемото малцинство со 155 милиони жители. Ваквиот закон стапил на сила во 1937 година и од тогаш државата не се мешала во него.

Активистите велат дека во повеќето Исламски држави, меѓу кои и Пакистан и Бангладеш, овој закон е отстранет, но во Индија и понатаму се практикува.

Во изминатите неколку години, многу мажи Муслимани во Индија се развеле од своите жени преку писмо, порака или телефонски разговор.

Во неколку случаи, за таа цел се користеле и социјалните мрежи.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот