X
 13.06.2022 Живот

Индијците направија 75 км автопат за пет дена

Работа која во некои земји трае неколку месеци, една година, па дури и деценија, Индијците успеаја да ја завршат за помалку од пет дена.

За само 105 часа и 33 минути тие успеале да изградат автопат долг 75 километри. Проектот, во кој беа вработени 720 лица, почна на 3 јуни во 7:27 часот, а заврши на 7 јуни во 17 часот.

Неверојатниот успех веднаш беше запишан во Гинисовата книга на рекорди.

Министерот за транспорт Нитин Гадкари ги пофали сите инженери, изведувачи, консултанти и вработени во Националната управа за автопати на Индија.

- Со овој голем проект ги поврзуваме нашите градови Амравати и Акола, а новата делница ќе има значајна улога во олеснувањето на движењето на луѓето во овој дел на Индија -  изјави Гадкари.

Иако проектот се води како автопат, за ова би можело да се разговара бидејќи на достапните фотографии патот изгледа многу помал. Коловозните ленти се физички одвоени, но патот е многу тесен, а не се предвидени ниту ленти за застанување.


Извор: 6yka.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот