X
 29.05.2017 Живот

Русин извршил измама во американски казина - од казината немаат решение за проблемот

Во јуни 2014, во „Lumiere Place Casino“ во Сент Луис, било забележано дека неколку слот машини биле оштетени. Софтвер кој бил одобрен од владата сработил математички кодови, за во казината да бидат сигурни колку заработиле на сите дестинации.

фото извор: Getty Images

Но, на 2 и 3 јуни од машините на казиното произлегле многу повеќе пари отколку што биле примени и тоа без доделување на џек-пот и слични награди. Веднаш се посомневале дека се работи за некаква измама.

Обезбедувањето на казиното од камерите за надгледување забележале човек во своите 30-ти кој носи кафена ташна. Тој играл, притискајќи ги копчињата и својот Ајфон го држел блиску до екранот на слот машината. По неколку минути заминувал, а потоа повторно се враќал и играл по втор пат. Во тој момент ги добивал парите. Во текот на два дена, заработил над 21 илјада долари.

Било откриено дека вакви случаи имало во повеќе казина. Човекот бил идентификуван како Мурат Блиев, 37-годишен државјанин на Русија. Инженерите уште од 2011 година истражуваат како доаѓа до ова, сметајќи дека на некој начин слот машините се хакираат и корисниците можат да предвидат што ќе биде резултатот. Кодовите имаат бројки и тие се комбинираат со низа инпути, па тоа дава одреден резултат. Се работи за навистина комплициран процес за предвидување. Но, ако хакерите можат да идентификуваат одредени делови од математичките алгоритми во слот машините, тогаш би можеле и да го предвидат излезниот резултат.

Се открило дека Мурат Блиев тоа го правел на повеќе локации и во повеќе казина, а и дека имал соучесници. Блиев уште два пати допатувал во САД во 2014, бидејќи во неговата земја нема слот машини кои можел да ги хакира, па со своите соучесници продолжил да „оперира“ низ казината. Потоа биле уапсени, а бидејќи процесот го спроведувале низ повеќе држави во САД, федералните власти ги обвиниле за заговор за реализирање на измама. Тие се осудени на две години затвор, а потоа ќе бидат депортирани во матичната земја.

По овие случаи, казината ќе имаат драстично поголема безбедност.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот