X
 14.07.2017 Култура

Продолжува поддршката на Пивара Скопје за сочувување и афирмација на автентичната културна традиција

pivara

 

Пивара Скопје и нејзините брендови и оваа година, традиционално, се нераскинлив дел од најпознатата македонска свадба, која викендов по 44-ти пат се одржува во неповторливиот амбиент на живописниот Галичник на планината Бистра.

 

pivara

 

Покрај финансиската поддршка за организацијата на годинешната „Галичка свадба“, со што се придонесува за зачувување и афирмација на автентичниот фолклор, уникатното народно творештво и традиција, како и националното културно богатство, Пивара Скопје за учесниците во оваа автентична културно-сценска манифестација обезбеди и соодветна количина пијалаци од своето портфолио, како неодвоив дел од сите веселби и прослави.

 

pivara

 

Дополнително, пред заминување кон Галичник, годинешните галички младоженци – невестата Тања Чалоска и зетот Бошко Лепчески, беа специјални гости на Пивара Скопје.

 

Од страна на директорот за односи со јавност и комуникации, Ламбро Патче, специјалните гости беа запознаени со 93 - годишната историја и компаниско наследство, како темел врз кој и денес Пивара Скопје ја гради својата мисија и визија за одржлива иднина, како и со компаниските вредности засновани на традицијата наследена од генерации Пиварци и нивниот труд и посветеност за производство на најпосакуваните пива и безалкохолни пијалаци на пазарот. Посебно беше акцентирана поддршката што компанијата со децении наназад ја обезбедува за зачувување и негување на културното богаство, вредностите и добробит на заедницата во целост.

 

pivara

 

Низ процесот на производство на пиво ги водеше еден од најискусните пивски мајстори во регионот, директорот за производство на пиво во Пивара Скопје, Кирчо Стојанов, а „магијата“за создавање на најпознатите светски безалкохолни пијалаци на Coca-Cola им ја откри директорот за производство на безалкохолни пијалаци, Горан Стојковски.

 

При посетата, годинешните галички младоженци добија и уникатни обележја „Амбасадор на Пивара Скопје“, како уште еден симболичен детаљ по кој тие ќе ги паметат деновите кога стапиле во брак во Галичник и со тоа придонеле за сочувување на автентичната македонска традиција и култура.

 

pivara

 

И оваа година, манифестацијата „Галичка свадба“ се очекува да привлече илјадници посетители од земјава и странство, кои одново ќе имаат можност да бидат сведоци на над 30-те оригинални свадбени обичаи, проследени со традиционални народни песни и ора, како и народни носии кои пленат со својата уникатност и убавина.

 

pivara

 

И во оваа прилика, Пивара Скопје им препорачува на сите оние кои викендов ќе се упатат кон Галичник, да возат безбедно, да не возат доколку пијат и да консумираат одговорно.

 

pivara

 

За повеќе информации и фотографии посетете ја страницата www.polnacasa.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура