X
 04.10.2017 Наука

Дарвин бил во право - научниците откриле како настанал животот на Земјата

darwin
Фото: Mcmaster University

Животот на Земјата настанал кога нашата планета била „бомбардирана“ од метеорити кои паѓале во „топлите мали езера“. Токму во овие езера настанале првите облици на живот, а не во океаните, како што се мислело претходно.

Потеклото на животот е една од најголемите мистерии со кои се соочило човештвото. Во последните неколку години научниците сметале дека животот настанал од вулканските отвори на океанското дно. Но новите истражувања ја поддржуваат теоријата на Чарлс Дарвин од 1871 година - дека првите живи суштества настанале во некое топло езеро со многу амонијак и фосфорна сол.

Оваа идеја дури сега била потврдена од научниците од Универзитетот „Мекмастер“ во Канада и од Институтот „Макс Планк“ во Германија.

2
Фото: Mcmaster University

„За да го сфатиме потеклото на животот, мора да знаеме какви услови постоеле на Земјата пред неколку милијарди години“, вели д-р Томас Хенинг, еден од авторите на истражувањето.

„Како што покажува нашето истражување, астрономијата ги дава сите клучни одговори на ова прашање. Деталите за тоа како настанал Сончевиот Систем директно влијаеле врз потеклото на животот на Земјата.

Така, животот на нашата планета настанал пред околу 4,5 или 3,7 милијарди години, кога мал метеорит со амонијак и водород цијанид паднал во некое мало езеро.

Пресметките велат дека првите молекули на рибонуклеинска киселина (RNA) настанале во текот на оваа фаза, а кога езерото пресушило, тие формирале долги синџири. Овие синџири продолжиле да се шират за време на „влажните и сувите“ циклуси на Земјата, и во некои поволни околности спонтано се повторувале.

Овие молекули го задржале првиот генски код на животот на нашата планета.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука