X
 03.08.2016 Наука

Дали секој од нас има двојник некаде на планетата?

Додека сте гледале некои научно-фантастични филмови за двојниците, сигурно сте се запрашале дали имате двојник некаде на планетата.

Ако верувате на едно неодамнешно истражување спроведено од научниците на Универзитетот во Аделаида во Австралија, веројатноста за вакво нешто е многу мала, меѓутоа постои. Според истражувањето спроведено минатата година, веројатноста за поклопување на осум клучни карактеристики на лицето изнесува еден наспрема еден трилион.

Биолозите под водство на Теган Лукас, користејќи податоци од базата „US Anthropometric Survey“ која била создадена од американската армија за целите на следење на димензиите на војниците, проучиле 4.000 различни лица и притоа утврдиле дека секое лице има осум основни карактеристики.

Имајќи го во предвид и самиот број на комбинации на гени потребни за создавање на две исти суштества, може да се види дека веројатноста за вакво нешто е прилично мала.

Но, зошто тогаш луѓето постојано користат фрази како на пример „изгледа исто како тебе“, иако станува збор за статистички невозможно случување? Одговорот на прашањето лежи во начинот на кој луѓето ги гледаат другите луѓе, гледајќи во вкупноста на овие карактеристики на нечие лице, наместо да ги анализираат карактеристиките на секој поединец посебно, а каде важна улога има и субјективниот впечаток на набљудувачот. Со други зборови, некои личности можат да бидат прилично слични, но не и целосно исти. Со оглед на тоа што не можат да се утврдат минијатурните разлики во изгледот, се донесува заклучокот дека сличните луѓе ве всушност идентични.

Од друга страна се чини дека употребата на наведените осум карактеристики би можела да помогне во анализата на лицата на криминалците и останатите осомничени и фатени од окото на надзорните камери. „Ова истражување несомнено потврди дека антропоморфните мерења на лицето се ефикасен начин за идентификување на сторителите фатени на дело преку видео и фотографски систем на надгледување“, вели Д-р Лукас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука