X
 10.11.2017 Образование

Земјите од регионот вчера во Ниш формираа Заедница на филозофски факултети

На состанокот присуствуваа девет декани е еден ректор, од Бугарија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, а писмено најавија вклучување во иницијативата и факултетите во Романија, Хрватска и Словенија



Филозофскиот факултети од регионот вчера во Ниш потпишаа договор за формирање на Заедница на филозофски факултети. На свеченоста по повод Данот на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш присуствуваше и д-р Ратко Дуев, деканот на Филозофскиот факултет во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој вели дека идејата почнала пред две години кога на Филозофскиот факултет во Ниш се акредитираше студиската програма за социјална работа и социјална политика при што во подготовката на програмата и во изведување на наставата биле вклучени и четири наставници од Институтот за социјална работа и социјална политика „Мајка Тереза“ при Филозофскиот факултет.

- По тој чекор следеше размена на предавачи, студенти, што поттикна идеја дека поради малите трошоци за патување, близината, сличната култура, истите проблеми со кои се соочуваме во фунционирањето и немањето на јазични бариери, најдобро е да почнеме со регионално вмрежување за размена на искуства, наставници и студенти, акредитирање на заеднички програми на постдипломски студии особено за научни области кои не се застапени во нашите програми, особено за заеднички настап – објаснува Дуев.

Така, пред еден месец на Филозофскиот факултет во Скопје беа поканети да одржат предавања и да присуствуваат на работен состанок деканката на Филозофскиот факултет во Ниш, проф. д-р Наталија Јовановиќ и продеканот за меѓународна соработка Владимир Хедрих. Од овој состанок настана идејата, на 9 ноември, Денот на Филозофскиот факултет во Ниш, како средишна точка на регионот, да се поканат сите декани на филозофските и филолошките факултети, да се договорат точките за соработка и да се потпише протокол за соработка на една голема заедница на Филозофски факултети во Југоисточна Европа.

- Проблемот е што на одредени Универзитети, областа филологија е во склоп на Филозофските факултети, а на други како засебни факултети. На состанокот присуствуваа девет декани е еден ректор, од Бугарија, Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, а писмено најавија вклучување во иницијативата и факултетите во Романија, Хрватска и Словенија. На работниот состанок одржан во деканатот на факултетот беше потпишан протоколот за соработка од сите присутни декани, и беше договорен интензитетот за развивање на соработката: организирање на научен собир во 2018, со заедничко финансиско учество на сите потпишани, формирање на меѓународни списанија со уредувачки одбор од сите факултети, размена на наставници, соработници и студенти, размена на научна и стручна литература, и акредитирање на заедничка програма за постдипломски студии за јавна администрација. На Јубилејот беа присутни и студенти од Филозофскиот факултет во Скопје – вели Дуев.
Подготвил: Весна Ивановска-Илиевска / vesna.ivanovska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование