X
 17.11.2017 Образование

Погледнете што направија дечињата и нивните родители од рециклирани материјали во градинката „Кочо Рацин“

gradinka

Куќички за птици, шарени дрвени саксии, интересни идејни решенија за цвеќиња, украсни елементи, бубамари изработени од камчиња се само дел од креациите на вештите рачиња на дечињата и нивните родители кои ќе го красат дворот на матичниот објект на скопската градинка „Кочо Рацин“.

Во оваа градинка има редовни активности во кои се вклучени родителите, а овој пат тоа дружење беше на тема хортикултурно уредување на дворот.  Големиот број присутни родители, како и нивната отвореност за соработка, креативност и нескриена амбиција, беа само потврда за успешноста на ова дружење, велат од градинката. Заедно со децата беа засадени есенски цвеќиња, зимзелени дрвца и други растенија, кои го разубавија дворот. Сите изработки се направени од рециклирани материјали.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование