X
 23.11.2017 Образование

Учениците живеат во колиби без струја и работат на фарма, а школарината е над 55.000 долари годишно

uciliste
Фото: Jeff Woodward

Рид Хофман, коосновач на „Линкдин“ и инвеститор на „Грејлок партнерс“, бил дел од меѓународното училиште во јужниот дел на Вермонт без да им каже на своите родители.

„Она што ме привлече кај ова училиште беше тоа што освен академското учење, учениците работат на фарма, коваат и многу други работи што инаку не би ги искусиле“, вели Хофман.

Училиштето „Путни“ е уникатно. Учениците не ги знаат своите оценки сè до половината од средното училиште, а имаат задачи низ кампусот, вклучувајќи и фарма за производство на млечни производи.

„Работата на фармата, во градината и во шумата е задолжителна за учениците да матурираат. Се комбинираат новата и старата технологија со цел да се најде начин да се живее полесно на земјата“.

Училиштето брои 238 ученици, а еден клас е составен од 11 ученици. Школарината изнесува 56.800 долари годишно. Училиштето дава финансиска помош за 43 отсто од учениците, што значи дека речиси половина од нив не ја плаќаат целата сума.

„Путни“ овозможува уникатно средношколско искуство за своите ученици. Учениците и семејствата не ги знаат оценките до нивната последна година, кога ќе аплицираат на колеџ. Добиваат извештаи шестпати годишно во кои пишува коментари за задачите што ги извршиле учениците, но нивните оценки не се откриваат.

Интересно е тоа што „Путни“ бара од учениците да работат додека се на кампусот. Тие ги ротираат работните задачи секој триместар, а секој ученик треба да заврши задачи во шест области - работа поврзана со ручекот, служење за време на вечера, работа во шталите, работа со чинии, општа замена и активности поврзани со земја (градина, фарма, шума, уредување, одржување на патеките).

Работата е едно од основните начела на „Путни“ - училиштето смета дека учениците треба да ја ценат работата. За нив, централниот принцип на учењето е сè што учениците прават, а не само оценките заработени во академски активности.

Некои ученици избираат да живеат во колиби без струја. Колибите се дрвени структури што се греат со шпорети на дрва. Некои од нив имаат соларни панели наменети за внатрешно осветлување.

„’Путни‘ не е за секого. Привлекува ученици што сакаат да ја преземат контролата врз сопственото образование“, вели Мајкл Бодел, директор за комуникации на „Путни“.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование