X
 09.03.2015 Образование

Данска размислува за пуштање порнографски филмови во училиштата

Професор по сексологија ги повикува училиштата во Данска да им пуштаат порнографски видеа на учениците за истите да ја увидат разликата помеѓу реалниот секс и она што го гледаат во филмовите на интернет.


Данските ученици наскоро можеби ќе гледаат порно на училиште. Еден професор по сексологија од универзитетот „Aalborg“ предложува данските ученици да гледаат порнографски филмови за да ја увидат разликата помеѓу вистинскиот секс и нереалните очекувања кои тинејџерите ги добиваат од гледајќи несоодветни порнографски филмови.

„Наместо сексуално образование за време на кое треба да ставите презерватив на краставица, повеќе би сакал да ги научиме нашите деца да размислуваат критички и да го гледаат порното на одредена дистанца“, вели Кристијан Грогард.

Истражувањата покажуваат дека 99% од тинејџерите и 86% од тинејџерките во северноевропските земји гледале порно. Грогард вели дека училиштата треба да им помогнат на тинејџерите да разберат дека нивниот сексуален живот не е онаков како тој што го гледаат на интернет.

Грогард дополнува дека доколку тинејџерите се обидат да го имитираат тоа што го гледаат во порнографските филмови тоа е „рецепт за искршени вратови и разочарување“.

Учениците имаат позитивен став за овој предлог.

„Мислам дека може да се добие нешто од тоа“, вели еден ученик од деветто одделение.

Данска има минато во своето напредно прифаќање на порното. Земјата ја прекина забраната за порнографија во 1967 година, а две години подоцна, Данска стана првата земја во светот која го легализираше порното.

Сепак, обидот за внесување на порното во училиштата на Данска не е уникатен. Слични обиди се во тек во Велика Британија и Шведска.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование