X
 08.01.2018 Наука

Колку долго може да се преживее на другите планети во Сончевиот Систем

И со сите проблеми и недостатоци, Земјата сепак е прекрасно место. Зајдисонца, цветови, кучиња – навистина, животот на Земјата е убав, особено во споредба со животот на другите планети.


Да се биде на друга планета без вселенски костим, би било целосна катастрофа бидејќи досега не е откриено друго место каде што може да се преживее подолго од две минути.

Сонце:

Сонцето веднаш би ве стопило, па како што вели Нил де Грас Тајсон, тоа и не е баш добро место за посета. На Сонцето не може да се преживее дури ни една секунда.

Меркур:

Страната што е свртена кон Сонцето има екстремно високи температури (427 Целзиусови степени). Тајсон вели дека е можно да се преживее онолку колку што можете да го задржите воздухот, што значи околу 2 минути.

Венера:

482  Целзиусови степени, па можете да претпоставите дека на оваа планета не може да се преживее ниту една секунда.

Земја:

Благодарение на кислородот во нашата атмосфера, храната и водата, просечниот животен век на Земјата е 80 години. Може да се живее и подолго на места каде што условите се подобри.

Марс:

Многу студена планета, со тенок воздух. Со многу топла облека, можно е да се оди по површината на Марс додека може да се задржи воздухот, што значи и на Марс може да се преживее околу 2 минути.

Јупитер:

Оваа огромна планета е полна со гас, па не е можно да се преживее во таа атмосфера ниту една секунда.

Сатурн, Уран, Нептун

Слична состојба како со Јупитер. Гасовити планети во чија атмосфера исто така не може да се преживее ниту една цела секунда.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука