X
 12.03.2018 Наука

Голем проблем - Во период од 10 години пролетта на Арктикот се поместила 16 пати

арктик

Во многу области во светот во последниве години, пролетта пристигнува порано. И тоа е резултат на загрижувачките климатски промени. И како што одите на север, ова станува полошо, како на Арктикот, каде што најмногу се чувствува промената.

Според последното истражување објавено во научните извештаи, пролетта на Арктикот се појавува 16 дена порано за разлика од пред 10 години. Всушност, истражувањето вели дека како што постепено се движиме северно од екваторот, на секои 10 степени, пролетта доаѓа 4 дена порано. Ова значи дека таа во Лос Анџелес ќе пристигне еден ден порано отколку пред 10 години, а во Чикаго и Вашингтон, 4 дена порано.

Користејќи ги трагите од суштествата што живеат во арктичките климатски услови, научниците го набљудувале времето на различни биолошки феномени, од цутот на цвеќињата и лисјата до појавувањето на водоземците и миграцијата на птиците-преселници. Биле проучувани вкупно 743 претходни истражувања, во комбинација со податоците за температурата.

Значителна промена во времето на доаѓањето на арктичката пролет во споредба со останатите места, покажува дека Северниот пол е побрзо погоден од климатските промени. Неодамна Европа неочекувано замрзната во снегот и мразот, а научниците сметаат дека тоа е поради затоплувањето на северот.

Потоплите температури на Арктикот може да доведат до цела низа на проблеми, од топење на мразот и намалување на мразот во морето до помалку снег и повеќе дожд. Овие промени предизвикуваат проблеми за дивите животни, како моржевите и поларните мечки кои имаат потреба од мраз за да ловат.

Појавата на пролетта 16 дена порано не само што влијае врз температурите, туку може да има штетно влијание на видовите кои се потпираат на знаците на годишните времиња. Според новото истражување, затоплувањето е особено опасно за птиците што мигрираат. Овие сезонски патници летаат на долги растојанија за да се размножуваат, но знаците на порано започнување на пролетта во северниот дел може да предизвика голема катастрофа.

„Без оглед на тоа на кои знаци се потпираат за почеток на преселбата, тоа може повеќе да не им е сигурен показател за достапноста на храната кога ќе пристигнат во новото живеалиште“, вели Ерик Пост, автор на истражувањето.

Не е познато како промените во годишните времиња ќе влијаат врз растенијата и животните, но може да ја наруши внимателно избалансираниот еко-систем и комплексниот модел на миграцијата за кој на еволуцијата ѝ било потребно долго време за да дојде до совршенство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука