X
 28.06.2023 Живот

Домар уништил децениски научни истражувања и направил штета од 1 милион долари

Домар кој чистел во лабораторија на Универзитетот во Троја, Њујорк, е обвинет дека направил штета од најмалку 1 милион долари на научно истражување. Тој го исклучил замрзнувачот додека се обидувал да исклучи аларм.

Во замрзнувачот биле складирани клеточни култури, примероци и други истражувачки елементи на -80 степени. Наводно, температурата се искачила на -31 степен откако замрзнувачот бил исклучен, оштетувајќи или целосно уништувајќи сѐ што имало внатре.

Знакот на вратата од замрзнувачот во лабораторијата, наводно, го објаснувал изворот на алармот, а имало инструкции како да престане да свири.

- Овај замрзнувач свири како да е во фаза на поправка. Задржете го копчето 5-10 секунди за да го стишите звукот. Ве молиме не поместувајте го и не исклучувајте го од струја. Не е потребно чистење во оваа област - пишувало на знакот.

Адвокатот Мајкл Гинсберг од адвокатската фирма „Патисон, Сампсон, Гинсберг и Грифин“ вели дека ќе бидат потребни околу 1 милион долари за да се обнови истражувањето за фотосинтезата.

- Однесувањето и невниманието на луѓето го предизвикаа сето ова. За жал, избришани се 25 години истражување - вели Гринсберг.

Лабораторијата на професорката К.В.Лакшими се наоѓа во истражувачкиот центар, а нејзините материјали се чувале во замрзнувачот. Алармите биле поставени на -77 степени, бидејќи над или под тие степени може да ги оштети или уништи примероците.

Алармот на замрзнувачот се вклучил на 14 септември 2020 година кога температурата се искачила на -77 степени, но Лакшими утврдил дека клеточните култури, примероците и истражувањата не биле оштетени.

Откако звукот продолжил, професорот го контактирал производителот на замрзнувачот за да закаже итни поправки, кои на крајот биле закажани за 21 септември 2020 година.

Истражувачкиот персонал на Лакшими на 18 септември 2020 година, еден ден откако домарот го исклучил замрзнувачот од струјата, открил дека температурата се зголемила. Персоналот се обидел да го спаси истражувачкиот материјал, но повеќето примероци биле компромитирани и не можеле да се спасат.

Домарот му рекол на персоналот за јавна безбедност дека слушнал досаден аларм и отишол и го исклучил замрзнувачот за да го исклучи звукот. Тој мислел дека ги вклучува електричните прекинувачи, но наместо тоа, ги исклучил.

- Тој не смета дека направил нешто лошо, туку вели дека се обидувал да помогне - пишува во извештајот.

Извор: Foxnews.com
Фото: Rensselaer Polytechnic Institute
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот