Македонски тим создаде нанохидрогел кој е поефикасен од водата при пожари, училиште од Стајковци доби европска награда за настава... Што пишувавме неделава

Македонски тим создаде нанохидрогел кој е поефикасен од водата при пожари, училиште од Стајковци доби европска награда за настава... Што пишувавме неделава

Училиштето „Кирил и Методиј“ во Стајковци е добитник на Европската награда за иновативна настава - учениците беа активни носители на промените во училиштето

Овој проект ја промени училишната клима и со текот на времето се почувствува позитивна промена во односите меѓу учениците и наставниците. Се зголеми довербата, комуникацијата стана поотворена, а учениците почнаа послободно да го изразуваат своето мислење, сподели директорката на училиштето, Елена Антонова

Социјалните мрежи ги лапнаа рекламите, па локалните медиуми се борат за опстанок - Македонија има сѐ повеќе медиумски пустини

Локалните медиуми се соочуваат со сериозни предизвици: се затвораат локални телевизии и радиостаници, а голем дел од новинарите и медиумските работници остануваат без работа.

„Откривме македонска вакцина против сите видови пожари“, велат од „Металотехника“ за нанохидрогелот кој е поефикасен од водата при гаснење пожари

Кога и да настане пожар, првото нешто што на човек ќе му падне на ум за гаснење е водата. Но, ретко кој знае дека водата, иако широко користена, не е оптимално решение за гасење поголеми и поопасни пожари. Истражувачкиот и иновативен тим на прилепската компанија „Металотехника“ дојде до идеја да ги надмине ограничувањата на водата во битката со огнот.