За Филип Попоски - млад инженер на годината, македонска иновација за операција на ’рбет, притисоци за да добијат перика побрзо... Што пишувавме неделава?
Откажете се од фразите „не ми е јасно“ и „не можам“ , научете и обидете се, вели Филип Попоски, избран за млад инженер на годината
Државата мора да создаде средина во која вреднувањето ќе се темели на знаење, а не на врски. Многу млади инженери заминуваат зашто чувствуваат дека и покрај вложениот труд и талент, напредувањето не секогаш зависи од резултати, туку од други фактори, вели Поповски.
Македонски тим од млади иноватори разви навигациски систем за прецизен пристап при операција на 'рбетот. Софтверот е целосен без радијација, со технологија која радикално го менува начинот на кој се изведуваат интервенциите на 'рбетот.
Државната матура ќе се спроведе на 31 мај и 11 јуни, а пријавени се 15.004 средношколци, 8.816 ученици од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиско образование и 222 ученици од училиштата за уметничко образование. Според податоците на ДИЦ, 9.969 ученици се пријавени за испитот по македонски јазик, 4.339 за албански јазик, 292 за турски јазик и 10 ученици за српски јазик.
„За перика се фаќаат врски, се прават притисоци, се јавуваат во еден по полноќ...“ , вели Сашка Кузманова, која хуманитарно ги изработува за болни луѓе
Не им замерувам, околината нѐ учи да се навикнуваме на таквите „закани“. Фаќаат и врски, но и покрај „врските“ тие не добиле и нема да добијат перика. Се случува секојдневно да ми се јавуваат и да ми велат „ајде, ајде до каде сме“. Јас сето тоа го разбирам и знам дека им се брза, но јас работам сама. Некогаш има недостиг на материјали, како што напоменав, мораме да чекаме, едноставно не зависи сѐ до мене, ни споделува Сашка Кузманова