За самоповредувањето кај младите, работата на Добре Угренов во Швајцарија, рандонерството во Македонија... Што пишувавме неделава
„Самоповредувањето кај младите не е минлива фаза, туку повик за помош“, вели д-р Драгана Батиќ, психотерапевт и универзитетски професор
Несуицидно самоповредување се нарекува намерното нанесување повреди на сопственото тело без намера да се одземе сопствениот живот. Во Македонија ретко се зборува отворено за оваа појава, иако повремено во јавноста се појавуваат случаи на самоповредување кај младите. Најчесто се манифестира со исеченици или гребеници по рацете и нозете, нанесени со остри предмети.
Добре Угренов, прв Македонец општински секретар во Швајцарија: „Успешна администрација е онаа во која граѓаните добиваат правична услуга“
Добре Угренов е првиот Македонец роден во Швајцарија што е избран за раководител на општинска администрација таму. На 32 години тој е избран од Општинскиот совет на Сиглисторф, во кантонот Аргау, и денес ја раководи општинската администрација.
Игор Талевски извози околу 1.150 км со велосипед, со искачување 10.000 м за 3,5 дена: „Рандонери Македонија е збиралиште на 90 возачи на ултрадолги растојанија“
Рандонерството е меѓународно здружување на велосипедисти од целиот свет кои се инспирирани да возат долги патеки, а чие седиште е во Франција. Веќе една година како е основана иницијативата „Рандонери Македонија“, збиралиште за сите вљубеници во рандонерингот - возењето велосипед на ултрадолги растојанија. Заедницата брои околу 90 рандонери - возачи кои се надминале себеси.