За јубилејот -15 години Факултети.мк, д-р Тања Струмениковска-Ристевска, добитникот на бронзен медал на Менделеевата олимпијада... Што пишувавме неделава

За јубилејот -15 години Факултети.мк, д-р Тања Струмениковска-Ристевска, добитникот на бронзен медал на Менделеевата олимпијада... Што пишувавме неделава

15 години Факултети.мк: „Избравме потежок пат, не бркаме сензационализам и кликови, туку релевантност“, велат сопствениците на платформата

Факултети.мк слави јубилеј - 15 години постоење, период во кој заедно со своите читатели ги сподели најинспиративните приказни од областа на образованието, науката, екологијата, медицината, музиката и спортот, а ги следеше и сите општествени промени информирајќи точно и квалитетно. Благодарение на истенчениот вкус на публиката на Факултети.мк, но и на професионалноста и креативноста на новинарите што биле или се дел од медиумот, се родија многу инспиративни приказни.

„Најсреќен момент е кога семејството на пациентот ќе каже благодарам со поглед кој зборува повеќе од збор“, вели д-р Тања Струмениковска-Ристевска, добитничка на повелбата „Д-р Трифун Пановски“

Кај неа отсекогаш тлеела желбата да биде доктор и да им помага на луѓето. По 38 години откако дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генерацијата, вели: „И повторно да се родам, ќе го изодам истиот пат со истата љубов и пожртвуваност“. Д-р Тања Струмениковска-Ристевска, познат битолски специјалист анестезиолог,


Даниел Христов освои бронзен медал на Менделеевата олимпијада по хемија во Русија: „Кај хемичарите не постои не можам“

Во голема конкуренција од 160 учесници од приближно 40 држави, Даниел Христов, матурнат од штипската гимназија „Славчо Стојменски“, успеа да освои бронзен медал на 60. Интернационална Менделеева олимпијада по хемија, која од 15 до 23 април се одржа на факултетот „Ломоносов“ во Москва, Русија.