Aна Јанева докторира на 27 години на ЛМУ, награден концепт за центар за апитерапија, вработени во „Пивара Скопје“ го носеа олимпискиот факел... Што пишувавме неделава
Aна Јанева докторира на 27 години на ЛМУ во Минхен: „Истражував како да се добијат клетки по нарачка, кои ќе послужат како резервни делови за организмот“
На 9 декември 2025 година, една недела пред нејзиниот 28. роденден, Ана Јанева докторира на Универзитетот „Лудвиг Максимилијан“ (ЛМУ) во Минхен, Германија. Со тоа таа се вброи меѓу докторандите што успеале да станат д-р на науки на помлади години. Ова беше само уште една потврда за нејзината посетеност кон науката и истражувачката работа, откако претходно додипломските и мастер-студиите по биохемија ги заврши на Универзитетот „Хајделберг“ во Германија.
Основање иновативен центар за апитерапија во планинското село Лавци во Битола, кој ќе овозможи лекување и релаксација на посетителите, вака накусо изгледа концептот „Дигитално поддржана One Health апитерапија во планинското пчеларство“ на Кристијан Саламовски, апсолвент на Ветеринарниот факултет во Битола. Со неа тој ја освои втората награда на натпреварот за иновативни идеи „Deep Tech EnterPRIZE“, реализиран во проектот „NanoBioTech Nexus“.
Дениз Димовски и Иван Катранџиски од „Пивара Скопје“ трчаа со олимпискиот факел пред стартот на ЗОИ 2026: „Доживуваш спектар од емоции кога сфаќаш дека си дел од сонот на секој спортист“
Дениз Димовски, менаџер за луѓе и култура во „Пивара Скопје“, и Иван Катранџиски, менаџер во комерцијалниот сектор на „Пивара Скопје“ трчаа со олимпискиот факел во Италија како дел од глобалната олимписка иницијатива на „Кока-Кола“, која е партнер на Зимските олимписки и параолимписки игри Милано – Кортина 2026.
Електронски врати на влезовите, дел од собите со сопствени тоалети, а ќе има и менза, пекарница и слаткарница - вака ќе изгледаат студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје
Двата државни студентски дома што се реновираат - „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ во Скопје не само што ќе бидат најмодерни на овие простори и енергетски ефикасни, туку ќе им овозможат и безбедност на студентите што ќе престојуваат во нив, вели Александар Каровски, директор на Државниот студентски центар - Скопје.