За истражувањето на Вардар, целите на претседателката на УСС-УКИМ, влезот на Елена Каранфилоска во топ-10 на Светската серија на скајранинг трки... Што пишувавме неделава

За истражувањето на Вардар, целите на претседателката на УСС-УКИМ, влезот на Елена Каранфилоска во топ-10 на Светската серија на скајранинг трки... Што пишувавме неделава

Елена Каранфилоска е во топ-10 на Светската серија на скајранинг трки: „Кога ќе го видам нашето знаме меѓу најсилните нации во светот, се потсетувам колкаво значење има сето ова“

Една од моите цели за годинава е да настапам и на Светското првенство во скајранинг, како и на Европското првенство во планинско трчање. Сакам да продолжам да се развивам во истата насока, да бидам поконстантна, технички посилна и ментално уште постабилна, да подобрам голем дел од слабите точки од претходната сезона и да се доближам уште повеќе до врвот во вкупниот пласман на светско ниво, ни изјави Елена Каранфилоска.

Ангела Василевска, претседателка на УСС-УКИМ: „Целта ми е студентскиот стандард реално да се подигне, а не само декларативно“

Од сопствено искуство - од домови, факултети, административни постапки, до јавен превоз - сфатив дека најголемиот проблем не е недостигот на идеи, туку недостигот на организација, сплотеност меѓу студентите, транспарентност и квалитетна соработка со институциите, истакнува Ангела Василевска

Студентот Христо Димитриевски го истражуваше микробиолошкиот диверзитет на Вардар – водата е полна со фекалии, а загадена е и околната почва

Христо Димитриевски спроведе истражување за микробиолошкиот диверзитет во реката Вардар. Притоа, посебен фокус беше ставен на утврдување на присуството и преносот на фекални и индикаторни бактерии од реката кон околните почви, со цел да се процени потенцијалниот ризик за безбедноста на храната и јавното здравје.